Екипата на Синфин за која настапува Дарко Димитриевси одигра еден заостанат натпревар од Асобал лигата на кој обезбедија реми против Анаитасуна со 28:28.
Ова беше убава можност и за победа, но Синфин не ја искористи шансата. На полувреме Анаитасуна имаше 16:11, а потоа во вториот дел гостите се вратија во ритам и дојдоа до нерешен резултат.
Со овој бод составот на Синфин малку ја поправи бодовната ситуација, но остана во опасната зона на табелата.
Дарко Димитриевски е играчот кој го водеше составот на Синфин кон бод на овој дуел. Тој беше најефикасниот на средбата со седум гола. Имаше и солидна реализација бидејќи овие седум гола ги постигна од 11 шута кон голот на противникот.