Најголемото изненадување на Европското првенство, Хрватска го комплетираше одличниот впечаток со бронзениот медал и шампионатот го напушта како третопласирана после победата со 25:19 над домаќинот Данска. Ова беше воедно и повеќе од доволно за најголемиот успех на женскиот ракомет во историјата на Хрватска.
Репрезентацијата на Хрватска имаше одлично првенство и така го отвори и дуелот за медал. Крсник и двапати Мичијевиќ погодија за 3:0 почетно водство. Данска брзо возврати и во 10. минута на натпеварот беше 4:4.
Серијата на домаќинот продолжи и траеше до 5:0, па Данска го презема водството 7:4. Во овој период од десет минути и покрај тоа што Хрватска играше добра одбрана имаше многу проблеми со реализацијата. Дури после десет минути успеаја да ја погодат противничката мрежа, а Ана Дебелиќ погоди за 5:7.
Следуваше кризен период за данските репрезентативки кои не постигнаа гол девет минути и повторно Хрватска беше во водство во 25. минута со 9:8. До крајот на првиот дел ниту една репрезентација не успеа да обезбеди предност и на полувреме беше 11:11.
И второто полувреме Хрватска го почна подобро и го контролираше резултатот. Во 41. минута Хрватките ја почнаа серијата од 7:0 со која го решија победникот. Данска имаше голем кризен период и од 41. до 58. минута не постигнаа гол и мораше да се помири со четвротот место.
Најефикасни со со по пет гола во репрезентацијата на Хрватска беа Посавец и Јежиќ, а Ана Дебелиќ погоди четирипати. Теа Пијевиќ имаше уште еден фантастичен настап и собра вкупно 15 одбрани. Во репрезентацијата на Данска по четири гола постигнаа Хансен и Транборг, а Реинхард имаше осум одбрани.
Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Додека домаќинките плачеа, ечеше песна од хрватската соблекувална (ВИДЕО)
Мичијевиќ: Поздрав до сите Данци, ве љубат кралиците на шокот!