По неколку одложувања, на 17 декември ќе започне десеттото јубилејно издание на регионалната СЕХА лига.
Тоа што беше одамна познато, денеска го потврди и Извршниот Комитет на СЕХА. Унгарскиот Веспрем и белорускиот Мешков Брест побараа да не играат во регуларниот дел и нивното барање беше прифатено. Тие две екипи се пласирани во четвртфиналето.
Образложението е дека двата тима играат и во домашните шампионати, имаат набиен распоред и тешко е организираат уште шест средби. За разлика, од нив најтрофејниот тим во СЕХА, Вардар ќе мора да игра и во регуларниот дел.
Екипите се поделени во две групи од по пет клуба. Ќе се игра регуларен дел, па првите три екипи од двете групи ќе играат осминафинале, па четвртфинале и Ф4 турнир.
Група А
Загреб
Металопластика
Еурофарм Пелистер
Татран Прешов
Веспрем
Група Б
Вардар
Мотор Запорожје
Нексе
Војводина
Мешков Брест
Еурофарм Пелистер ќе игра против Металопластика на 21 декември од 17:45 часот, додека Вардар дополнително ќе дознае каде и против кого ќе игра на првиот меч.