Стратегот од Франција, кој зад себе има три титули во најсилната лига на оваа земја, Филип Гардeн ќе се раздели со екипата на Тулуз на лето, откако не ја прифати понудата од претседателот на клубот за намалување на платата.
Првиот човек на тимот на Тулуз, Филип Далард им ги намалил платите на сите поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а платата на тренерот била значително намалена. Сепак, Гардeн не се согласил да прима така помала плата и одлучил да си замине на крајот од оваа сезона.
Со ова Тулуз ќе остане без стратегот кој го предводеше од 2015 година. Веќе се споменува и името на наследникот, а се работи за Даниел Анѓелковиќ. Тој досега беше во улога на асистент, па добива можност да биде главниот стратег. Ова значи дека Тулуз напролет во Скопје ќе дојде со нов тренер на дуел против Металург.
Инаку, Гардeн е искусен стратег, кој како тренер на Шамбери и ПСЖ трипати беше шампион на Франција.