Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, освои бод на гостувањето кај Виља де Аранда во Асобал лигата, 28-28.
Иако Синфин водеше и беше пред триумф, сепак домаќините успеаја да го избегнат поразот и мечот заврши реми.
Димитриевски беше стрелец на два гола од два обиди, а доби и едно исклучување на овој натпревар.
Следен предизвик за Македонецот и неговиот тим ќе биде домашниот двобој против составот на Нава.