Татјана Хмирова вели дека во ЖРК Вардар минала пет фантастични години, но и по сето поминато време не може да ги најде причините зошто на петте Ф4 турнири во Будимпешта, екипата не успеја да дојде до титулата во Лигата на шампионите.
„Не ме прашувај тоа! Немам одговор! Помина толку многу време, сите сме сега распрскани на сите страни низ Европа. Верувам секоја од нас се обидуваше да ја најде причината, сигурно секоја има и различни причини, но мислам дека веќе е доцна за тоа. Ако останевме заедно како клуб можевме да би бараме причините, вака е бесцелно. Многу ми е жал и што згасна таа шампионска екипа, жалам и за финалето во Будимпешта. Тие два моменти ми се најтешките во кариерата. Кога ни кажаа дека клубот згаснува и кога го загубивме финалето. Интересното е што до крај верував дека ќе се случи некое чудо. И не бев само јас со таков став. Сите ракометарки имаа надеж дека нешто ќе се случи, дека нема да биде тоа крај. Потоа некако сите се помиривме. Имавме доволно време, а и до крајот на сезоната веќе сите имавме и договори со нови клубови. Секако сакавме да се збогуваме со титула. Секоја една од нас, тоа ни беше последната желба и затоа и беше толку болно во Будимпешта, останавме без совршен крај“
Подолу може да го прочитате целото интервју со Хмирова…