Интересен момент од периодот кога паузираше од ракомет за Татјана Хмирова (која патем има завршено и правен факултет) е дека заврши и курс за фризерки. Вели дека се обидувала да се пронајде надвор од спортот.
„Имаше еден период кога навистина се досадував и решив да пробам нешто ново. Со оглед на тоа дека многу рано почнав да експериментирам со боите на косата и целиот тој процес ми беше интересен се одлучив за курс за фризерка. Интересно искуство и сега знам каков е целиот процес и дека треба да се знае и хемија, постојат техники, не е само механичко ставање боја на коса. Сега сум си сама на себе стилист во Шпанија, имам сет со ножици и се потстижувам сама. Сепак кога станува збор за бојадисување на коса одам во салон за тоа“, се смее Хмирова и додава „Немам никој потстрижено освен себе, ниту Ина и Ира, ми беше страв.“
Комплетното интервју со Хмирова прочитајте го во продолжение…