Екипата на Синфин Сантандер каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски загуби во 16. коло од Асобал лигата од Хуеска со 25:29.
Димитриевски имаше солиден настап на овој натпревар, успеа три пати да ја погоди противничката мрежа од пет удари.
Синфин добро го започна натпреварот, до 15. минута од натпреварот имаше предност од два гола, но до крајот на полувремето гостите го свртеа резултатот во своја корист и на полувреме заминаа со три позитива 11:14.
Во вториот дел Синфин успеа повторно да поведе, но немаше сили да издржи до крај и да стигне до нова победа, а со тоа да ја продолжи серијата без пораз. Со овој пораз составот на Дарко Димитриевски останува во долниот дел на табелата.