Хрватски арбитри ќе му делат правда на Еурофарм Пелистер во Љубљана

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од петтото коло во Лигата на Европа.

На дуелот меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер правдата ќе ја делат хрватските судии Цинриќ и Гонжурек, додека делегат ќе биде Јанко Пожежник од Словенија,

Овоој натпревар ќе се игра во Љубљана на 1 декември во вечерниот термин од 20:45 часот.

Дуелот на Металург против Чеховски Медведи што требаше да се игра на 1 декември во Скопје е презакажан за 11 декември и ќе се игра во Чехов.