Екипата на Еурофарм Пелистер претпре нов пораз овој пат на гостувањето во Германија кај тимот на Рајн Некар со 20:28. Со ова само беше потврдена улогата на фаворит за тимот од Германија кој пред почетокот на натпреварот имаше голема предност.
Почетокот на средбата мина со малку погодоци. И на двете страни стрелците не беа на ниво. Еурофарм Пелистер поведе со голот на Вегар, но домашните брзо реагираа и успеаја да стигнат до водство кое постепено го зголемуваа.
Во првиот дел позитивата на Рајн Некар беше главно 2-3 гола. Тука битолчани успеваа да останат со приклучок и да успеваат да останат на потребното за да можат да бидат во трка за победа. Најголемата разлика беше четири гола, но на одмор се замина со 14:11 во корист на Рајн Некар.
Второто полувреме домашните тргнаа со повисок ритам. Сепак, Еурофарм Пелистер успеа да намали на 15:17 во 37. минута. Од тој момент се влезе во лош период во кој долго се бараше следниот погодок. Цели 13 минути се бараше следниот погодок. Притоа се играше и без голман и се пробуваше сè, но немаше резултат.
Следниот гол стигна дури во 50. минута, а тогаш домашните веќе имаа 22 гола. Во тој момент водеа со 22:16 и тогаш мечот веќе беше загубен за претставникот на Македонија.
До крајот на средбата домашните успеаја само уште повеќе да го зголемат водството и да дојдат и до убедлив триумф. Во последните моменти битолчани само се обидоа да ублажат, но не одеше најдобро, па бодовите останаа за Рајн Некар.
Бабиќ: Со толку лош напад, не можевме да бидеме сериозен ривал на Рајн Некар