Еурофарм Пелистер со минус три на одмор против Рајн Некар

Екипата на Еурофарм Пелистер има негатива од три гола и резултат од 11:14 после 30 минути игра против Рајн Некар во Манхајм.

Натпреварот почна со малку погодоци и со тешка реализација на двете страни. Три минути беа потребни за првиот гол кој беше дело на Марин Вегар. Сепак, домашните брзо израмнија, па се влезе во нешто поефикасен период.

Следуваше игра во која имаше погодоци на двете страни, а Рајн Некар успеа да воспостави контрола. И покрај тоа што Чаневски имаше неколку интервенции, сепак составот на Рајн Некар успеа лесно да дојде до плус три.

Овие три гола разлика даваа некаква сигурност за домашниот состав, а стана тешко да се најде патот до голот на голманот на Рајн Некар. Сепак, негативата се стабилизираше на 2-3 гола.

Најголемата разлика беше при 13:9 кога Рајн Некар имаше неколку подобри минути, но на ова битолчани имаа одговор содва гола и одново се вратија на минус два. Сепак, во завршница на првото полувреме останаа со ракометар помалку, па на тој начин се стигна до три разлика на полувремето и резултат од 11:14.

После првиот дел Периќ и Велковски се најефикасни со три гола, два гола има Вегар, а по еден имаа Маркоски, Кушан и Мараш. Во Рајн Некар најефикасен со шест погодоци е Генсхајмер.