Кружниот напаѓач Александар Тренчевски во пролетната полусезона ќе ги брани боите на тимот на Прилеп.
Тренчевски се врати од финскиот тим СИФ на почетокот на оваа сезона и потпиша за струмички Астраион за кој одигра само пет натпревари, но по шест месеци заминува од новиот суперлигаш.
Претходно настапуваше за Драчево, Вардар Јуниор, Струга, Зомимак Струмица, а првото интернационално искуство го имаше во Финска. Во составот на Горан Кузманоски на пикерската позиција играат Пајкоски, Манчески, Карафилоски и Бурчески.
Прилепчани имаат шанси за плеј-офот во Суперлигата, а до крајот на регуларниот дел ги очекуваат средби со Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен, како и на гости против Бутел Скопје.