Европската ракометна федерација ги промовираше топките со кои ќе се играат натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најквалитетни клупски натпреварувања.
Данскиот производител Селект, кој е долгогодишен партнер на ЕХФ, го продолжи договорот со европската куќа на ракометот до 2024 година и ги редизајнираше топките со кои се играат натпреварите.
Новите топки ќе бидат пуштени во продажба на завршните турнири во ЛШ во Будимпешта на 29 и 30 мај кај дамите, како и оној во Келн на 12 и 13 јуни кај мажите.
Првите натпревари што ќе бидат одиграни со новите топки ќе бидат оние од квалификациите за ЛШ и ЛЕ во септември следната година.