Во првиот термин од 3. коло од Лигата на Европа се одиграа седум натпревари на кои се играше квалитетен и ефикасен ракомет. Особено интересно беше на натпреварите Нексе – Монпелје и Татабања – Требње каде што гостите си заминаа со цел плен.
Хрватскиот претставник во поголемиот дел од натпреварот против Монпелје имаше заостанување, а по првиот дел беше 8:10. И во продолжението Французите го диктираа резултатот сè до финишот кога Нексе израмни на 22:22, но Монпелје, сепак, триумфираше и освои два бода.
Тримо Требње направи изненадување на гостувањето во Унгарија кај Татабања и славеше со 28:26. Уште по првиот дел тимот од Словенија имаше предност од два гола, 14:12 што беше доволно до крајот на мечот за конечен триумф.
Рајн Некар немаше проблеми со ГОГ и оствари сигурна победа на гостински терен со 37:32. Исто така Алингсас на гостувањето кај Бешикташ успеа да оствари лесна победа од 32:24. Висла Плоцк славеше минимално на гостувањето во Русија кај Чеховски Медведи со 28:27. Австриски Фиверс беше сигурен на домашен терен против Тулуз и славеше 37:32.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ГРУПА А
АОН ФИВЕРС – ТУЛУЗ 37:32 (17:15)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ВИСЛА ПЛОЦК 27:28 (11:13)
20:45ч
АДЕМАР ЛЕОН – МЕТАЛУРГ
ГРУПА Б
20:45ч
НИМ – КРИСТИЈАНШТАД
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
СПОРТИНГ – ФУКСЕ БЕРЛИН
ТАТРАН ПРЕШОВ – ДИНАМО БУКУРЕШТ
ГРУПА Ц
НЕКСЕ – МОНПЕЛЈЕ 22:23 (8:10)
БЕШИКТАШ – АЛИНГСАС 24:32 (11:15)
20:45ч
МАГДЕБУРГ – ЦСКА МОСКВА
ГРУПА Д
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КАДЕТЕН 25:25 (16:10)
ТАТАБАЊА – ТРИМО ТРЕБЊЕ 26:28 (12:14)
ГОГ – РАЈН НЕКАР 32:37 (14:19)