По долга пауза од девет месеци, повторно ќе има меѓународен ракометен натпревар во Битола. Еурофарм Пелистер го пречекува швајцарскиот Кадетен Шафхуазен во третото коло од Лигата на Европа.
Десниот бек Мартин Велковски се враќа на теренот по позитивниот тест на коронавирус и вели дека иако ќе недостига поддршката од фановите, сепак битолчани се поквалитетни и ќе слават победа.
„Шафхаузен е квалитетна екипа, долго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме“, вели Велковски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен се игра вечерва со почеток во 18:45 часот во „Боро Чурлевски“ во Битола.