Шпанскиот клуб Синфин Сантандер во кој настапува македонскиот интернационалец Дарко Димиртиевски пријави дека има заразени ракометари и оди во изолација.
И покрај тоа што на еден натпревар од домашното првенство Синфин мораше да игра со маски, сепак коронавирусот не ги заобиколи.
Веднаш штом биле забележани првите симптоми кај ракометарите биле прекинати тренинзите и сите биле тестирани.
Од клубот ја известиле федерацијата и побареле одложување на следните два натпревари против Сагунто на 11 ноември и Бенидорм на 14 ноември.
Како што објавија на клупскиот сајт, освен потврдените позитивни случаи останатите ракометари се во добра состојба, но според протоколите во Шпанија мораат да останат во карантин наредните 10 дена.