ЧСМ Букурешт победува и без Неагу, Брест покажа сила против Оденсе

Денешната програма во Лигата на шампиони за жени понуди два натпревари, елитен женски ракомет се играше во Германија и Данска. Битигхајм беше домаќин на ЧСМ Букурешт, а Оденсе  на Брест.

Ракометарките на ЧСМ Букурешт се искачија на врвот на табелата во групата А од Лигата на шампионите откако за запишаа четвртата победа во петиот натпревар. ЧСМ Букурешт славеше убедлива победа 32:22 на гостувањето кај Битигхајм.

ЧСМ иако играше без повредената Кристина Неагу, по првото полувреме имаше предност од 14:10, а во вториот дел само ја потврди победата. Елизабет Омориги и Кармен Мартин го предводеа ЧСМ до победата со по седум погодоци. Во тимот на Битигхајм, Шулце со шест гола беше најефикасна.

Оденсе на домашен терен доживеа висок пораз од Брест, 24:31. После првото полувреме гостите имаа водство 10:14. И вториот дел им припадна на гостите за конечна победа на натпреварот.

Исклучителен натпревар одигра Ана Грос која беше најзаслужна за победата на Брест. Таа беше убедливо најефикасна на натпреварот со 14 гола. Во екипата на Оденсе најдобри беа Икехара и Грот со по четири гола.