Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот капитен Кире Лазаров, објави дека има двајца играчи позитивни на коронавирус, но не ги откри нивните имиња.
Нант гостуваше во неделата кај Монпелје, а потоа имаше гостување и во Лигата на шампионите кај Алборг, а рутинските тестирања покажаа дека има двајца заразени ракометари.
Тие веднаш се изолирани, а за денеска се најавени нови тестови на Ковид-19 за останатите членови на клубот.
Нант загуби од Веспрем, Барселона и Алборг, а славеше над Кил во елитното натпреварување.