Тимот на Синфин Сантандер, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски загуби на гости кај неговиот екс тим Адемар Леон so 31-23.
Димитриевски не шутираше многу, само два пати, а погоди еднаш во голот кој го бранеше екс вардарецот Калифа Гедбан.
На крајот тој собра 11 интервенции и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на Адемар Леон.
Новитет на овој натпревар од Асобал лигата беше тоа што ракометарите играа на терен со маски! Досега беше пракса кај некои екипи кога играчите се на клупа да носат маска, но првпат видовме на некој дуел да се носат и на теренот.
На спортистите сигурно не им е пријатно да носат маски цел натпревар, но нив веројатно и никој не ги прашува.