Натпреварите од Првата машка лига денеска продолжуваат, а 3. коло од Групата А ќе се игра во Ресен.
Во оваа група следуваат неколку интересни дуели, а денот го отвораат составите на Борец и Шампион кои ќе се соочат од 12:30 часот.
Ова ќе биде двобој на две екипи кои вчера победија, а Шампион е лидер во Групата А. Затоа велешани ќе бидат тест за можностите на ракометарите од редовите на дебитантот.
Денот ќе финишира со натпревар меѓу Преспа и Драчево. И ова е дуел на две екипи кои се во приближно ниво на форма и две екипи кои претендираат на висок пласман. Оттаму ќе биде интересно да се види како ќе се снајдат на теренот.
ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ШАМПИОН – ПРЕСПА 26:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ДРАЧЕВО – РИНИЈА М 38:25 (ИЗВЕШТАЈ)
КИЧЕВО – БОРЕЦ 27:38 (ИЗВЕШТАЈ)
ЈЕХОНА – АЕРОДРОМ 25:33 (ИЗВЕШТАЈ)
ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО
НЕДЕЛА, 11 ОКТОМВРИ
12:30ч
БОРЕЦ – ШАМПИОН
Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.
14:45ч
РИНИЈА М – ЈЕХОНА
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
17:00ч
АЕРОДРОМ – КИЧЕВО
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Гордана Ѓорѓеска од Гостивар.
19:15ч
ПРЕСПА – ДРАЧЕВО
Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
Натпреварите се играат во салата „Зоран Стојановски“ во Ресен.
ТАБЕЛА: 1. Шампион 6 бода (+17); 2. Драчево 4 (+13); 3. Аеродром 4 (+8); 4. Борец 3 (+9)…