Драчево не виде мака против Риниа

Ракометарите на Драчево ја остварија првата победа во Првата лига, откако по ремито против Аеродром претходно, сега славеа над Риниа со убедливи 38-25.

Во првите петнаесетина минути Риниа одржуваше рамнотежа и беше 7-6, но Драчево го искористи падот на концентрација на ривалот и во финишот на полувремето стигна до плус шест, 16-10.

Во второто полувреме избраниците на Велимир Настески постигнаа дури 22 гола, а примија 15, и немаа проблем рутински да го довршат натпреварот.

Најдобри стрелци кај победникот беа Филип Дабевски со седум голови, како и Бобан Андовски и Александар Димовски со по пет погодоци, додека кај Риниа се истакна Ахмедјасин Исмаили со шест голови.