Димески одигра за „десетка“, Борец со пресврт до убедлив триумф над Кичево

Ракометарите на Борец ја остварија првата победа во Првата лига, откако славеше со пресврт во вториот дел над составот на Кичево со 27-38.

Во првиот дел кичевци држеа темпо, најчесто ја имаа и предноста, и на пауза се замина со плус еден во нивна корист, 15-14.

На стартот на второто полувреме Кичево дојде до плус два, 16-14, но потоа почна да паѓа и велешките ракометари да ја преземаат контролата на теренот.

Најпрво стигнаа до плус три, 19-22, а потоа до крајот само ја зголемуваа предноста до конечните плус 11, 27-38.

Најефикасни во редовите на Борец беа Стефан Димески со десет погодои, како и Илија Табаков со осум, додека кај Кичево се истакнаа Владимир Новески и Кристијан Анѓелевски со по шест погодоци.