Тимот на Фаикас Корфу, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Тоше Ончев и Стефан Трпчевски, освои бод на гостувањето кај Зафеиракис, 25-25.
Во второто коло од грчкиот шампионат, Корфу, иако имаше голема предност на полувремето,8-14, сепак на крајот мораше да се задоволи со реми.
Ончев беше најдобар стрелец на натпреварот и постигна осум погодоци, додека Трпчевски не се запиша во листата на стрелци.
Во следното коло, Фаикас Корфу на домашен терен ќе игра против екипата на Филипос Верија.