Тимот на Синфин, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби кај Грањолерс во Асобал лигата.
И покрај одличната партија на Димитриевски и неговиот соиграч Бечера, Синфин беше поразен минимално со 30-29.
Македонецот успеа да постигне осум погодоци од десет обиди, а од нив еден погодок беше од седум метри.
За Синфин ова беше трет пораз во четири натпревари, а во следното коло ќе игра со каталонскиот гигант Барселона.