Пролет тргна со победа во Кисела вода, од старт најави плеј-оф

Ракометарите на Пролет тргнаа со победа од 26:20 на гостувањето во Кисела вода против тимот на Јуниор во новата сезона и ја потврдија улогата на кандидат за пласман во плеј-офот напролет.

Пролет покажа дека секој натпревар ќе го сфати максимално сериозно и дека нема да има опуштање. Тоа се виде после неколку минути игра кога беше направена предност од 5:0. Многу брзо беше решен и победникот на оваа средба откако Пролет поведе со 12:2.

Петар Ангелов имаше одлично издание и уште на стартот потврди дека и понатаму брани во одлична форма така што со неговите одбрани тимот на Пролет успеа рано да направи голема предност и да дојде до позитива со која можеше лесно да продолжи во средбата.

Домашните кои се дебитанти во Супер лигата како да почнаа во грч, па им требаше време за опуштање и влез во натпреварот. Додекада фатат ритам веќе имаа голема негатива, но на одмор имаа минус осум гола и резултат од 7:15.

Во второто полувреме се играше поизрамнето. Немаше многу притискање и се одигра сосема мирно така што без проблеми се дојде до крај. Ракометарите на Јуниор Кисела вода успеаја да казнат и да се доближат, но најмногу до пет гола. Сепак, при 20:25 дојде до погодок за печат на средбата и Пролет дојде до конечни 26:20 за први бодови на стартот од сезоната.

Веќе в понеделник следуваат нови средби. Јуниор Кисела вода гостува во Струга, додека Пролет 62 е домаќин на составот на Астраион.

11 септември 2020
20 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 септември 2020 20:03 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 11.09.2020 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.720Пораз
ПРОЛЕТ1526Победа

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
Александар Стојаноскиголман00
Матеј Петковскиголман00
Намик Османлево крило01
Антонијо Пешевскилево крило01
Стефан Стојановскилев бек01
Немања Милутиновиќлев бек08
Бојан Маневцентрален бек01
Мартин Димовскицентрален бек00
Дамјан Трајковскицентрален бек00
Васил Витановдесен бек00
Жарко Барјактаревиќдесен бек04
Стефан Крстескидесно крило02
Филип Ролевскидесно крило01
Томче Трајчевскипивот00
Марко Трајковскипивот00
Мартин Бошковскипивот01
 Вкупно 020

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Кристијан Кристоголман00
Давор Палевскилево крило07
Дејан Пецаковскилев бек00
Александар Василевскилев бек01
Ласко Андоновскицентрален бек02
Марио Гичевцентрален бек02
Илија Мелоскицентрален бек01
Доне Мајновдесен бек03
Кристијан Давитковскидесен бек01
Мартин Димовдесно крило03
Виктор Додевскидесно крило00
Михаил Аларовпивот05
Димитар Матовскипивот00
Стефан Доневпивот00
26Петар Ангеловголман00
Виктор Крстевскилево крило01
 Вкупно 026

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
НИКОЛОВСКИ АЦО