Првиот кандидат за титулата во Женската лига, Куманово продолжува со успешните резултати на контролните средби пред почетокот на новата сезона. Ракометарките на Куманово дојдоа до победа против Кузман Вардар Илинден со високи 49:9.
Искуството и квалитетот дојдоа до израз и во двете полувремиња, а особено беше евидентно во првите 30 минути кога Куманово прими само еден погодок. Во вториот дел противникот дојде до осум гола, а кумановки беа речиси еднакво убедливи и во првото и во второто полувреме.
После 25 гола во првиот дел во вториот паднаа 24 така што со вкупно 49 беше обезбедена висока победа.
Следниот контролен натпревар за ракометарките на Куманово следува в сабота од 18:30 часот во Скопје. Противник ќе биде составот на Чаир, против кој забележаа победа минатиот викенд.