Будуќност патува во Копривница без 11 ракометарки – ќе игра и претседателката на клубот!

Ракометарките на Будуќност во петок наутро патуваат за хрватскиот град Копривница, каде в недела ќе се соочат со некогашниот европски шампион Подравка во премиерниот меч од елитната конкуренција.

На овој натпревар ќе настапи и претседателката Радмила Петровиќ, која се враќа на терените по четири години да му помогне на тимот во момент кога тренерот Драган Аџиќ не може да смета на дури 11 ракометарки, пишува „МНЕ Рукомет“.

Поради проблемите со коронавирусот, голем дел од ракометарките не се подготвени, дел се повредени, па Аџиќ ќе го пополнува ростерот со членки на младинскиот тим од Подгорица.

Нема да играат Јованка Радичевиќ, Милена Раичевиќ, Татјана Брновиќ, Ема Рамушовиќ, Итана Грбиќ, Катарина Џаферовиќ, засилувањето Валерија Маслова…а од поискусните во црногорскиот првак ќе играат само Пино, Лекиќ, Мехмедовиќ и голманот Аренхарт.