Поранешниот ракометар на Вардар, Сергеј Горпишин, кој беше на проба во Фленсбург, нема да потпише договор со бундеслигашот.
Тој играше во пријателските натпревари со Силкеборг и Фредериција, и беше еден од најдобрите поединци.
Иако оставил одличен впечаток кај тренерот Мајк Махулиа, сепак нема да биде потпишана соработка, бидејќи Фленсбург сака само краткорочно решение, што не е прифатлива варијанта за ракометарот.
Бундеслигашот, кој е ривал на Вардар во групите од Лигата на шампионите, не може да смета на повредените Хајнл и Гола, а Халд уште не може да игра на највисоко ниво поради повредата.