Екипата на Вардар денеска ќе се бори за своето осмо финале на деветтиот Ф4 турнир во СЕХА лигата. Ракометарите од „црвено-црниот“ табор се рекордери во неколку катерии во СЕХА така што на овој Ф4 можат само да ги подобрат бројките.
Досега Вардар има пет титули и со нив е далеку пред двете на Веспрем и едната на Загреб. На двата Ф4 турнири кои се организираа во Хрватска играше во финалето, а од првиот во Загреб кога се играше и македонско финале се врати со пехарот.
Што се однесува по учествата на Ф4 тука заедно со Загреб се најконстантни бидејќи беа дел од сите досегашни Ф4 и ова е деветто учество на деветтиот турнир. Воедно Вардар е единствениот тим кој има седум финалиња така што овие бројки се за почит.
СИТЕ ФИНАЛИЊА ВО СЕХА
2011/12 (Загреб) Вардар – Металург 21:18
2012/13 (Скопје) Загреб – Вардар 25:24
2013/14 (Нови Сад) Вардар – Мешков Брест 29:27
2014/15 (Веспрем) Веспрем – Мешков Брест 31:21
2015/16 (Вараждин) Веспрем – Вардар 28:26
2016/17 (Брест) Вардар – Веспрем 26:21
2017/18 (Скопје) Вардар – ППД Загреб 26:24
2018/19 (Брест) Вардар – ППД Загреб 26:23