Коронавирусот се појави и во тимот на Адемар Леон, а претходниот викенд имаше позитивен случај и во Грањолерс.
Затоа клубовите побараа од шпанската федерација да биде одложен стартот на Асобал лигата, кој беше закажан за 2 септември.
Федерација реши да го прифати барањето на клубовите, па одложени се првите две кола што требаше да се играат на 2 и 5/6 септември.
Новите термини ќе бидат познати во текот на оваа седмица.