Амбициозната ЦСКА Москва посакуваше уште минатата сезона да го симне од тронот повеќекратниот руски шампион Чеховски Медведи.
Но кога виде дека не успеа, загуби и во финалето на Купот на Русија, па потроши многу пари и врати во татковината неколку руски репрезентативци, плус уште тројца интернационалци.
Не успеа ниту во минатата сезона, а се чини дека нема ниту сезонава, aко се суди по Суперкупот, кој Чеховски Медведи го освои на свој терен, откако славеше над Атман, Деревен и останатите со 27-24. Триумфот на „мечките“ на Максимов е уште поголем ако се знае дека останаа без најдобриот стрелец Дмитри Санталов, а во пензија замина Дмитри Ковалев.
Згора на се, за ривал во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, ЦСКА Москва го има незгодниот СКА Минск, па веројатно ќе има реприза на минатата сезона, кога во првото коло беа елиминирани од шведскиот Малме.