Откако денеска стана јасно дека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус, сите останати ракометари и стручниот штаб направија тестови.
Сите тестови се покажаа како негативни, па од утре ќе се продолжи со редовни тренинзи пред реванш четвртфиналниот двобој од СЕХА против Нексе Нашице.
В петок ќе бидат направени нови тестови на коронавирус. што е дел од протоколот пред да се одигра натпреварот од СЕХА лига.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се игра в сабота од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, а македонскиот тим има предност од еден гол по првиот меч откако славеше со 31-30.
Во Вардар се појави коронавирус – играчот изолиран, тимот повторно се тестира!
Нема публика во „Јане Сандански“: Вардар и Нексе ќе играат пред 12 новинари и 4 фоторепортери!
Михајловски: Стоилов е позитивен, но во добра здравствена состојба (ВИДЕО)