Нема публика во „Јане Сандански“: Вардар и Нексе ќе играат пред 12 новинари и 4 фоторепортери!

Доколку нема друг позитивен случај на Ковид-19 во редовите на Вардар, шампионот во СЕХА в сабота ќе го одигра реванш четвртфиналето од регионалната конкуренција против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.

Уште од претходно беше јасно дека нема да има публика во СЦ „Јане Сандански“, а според протоколот ќе биде ограничен и бројот на медиумските лица.

Натпреварот ќе го следат најмногу 12 новинари и 4 фоторепортери, кои ќе можат да фотографираат само од позади головите.

Земање на изјави не е дозволено, а нема да има ниту прес-конференција по натпреварот. Задолжително ќе биде носење маска при движењето во салата, а слични се и протоколите за натпреварите од Лигата на шампионите, на кои вардарци веројатно ќе ја немаат поддршката од публиката.

Дуелот меѓу Вардар и Нексе се игра в сабота од 20:15 часот, а ќе може да следите ТВ пренос на МТВ.