Некогаш тресеше мрежи за Барселона, сега ќе игра во Нове Замки!

Најпознатиот словачки ракометар Мартин Страновски, се врати во неговиот матичен клуб пред стартот на новата сезона.

Левото крило потпиша договор со Штарт Нове Замки, каде што менаџер е неговиот брат Томаш Страновски.

Мартин до 2015 играше за Нове Замки, од каде што замина во Шпанија и седум години настапуваше за Адемар Леон, пред да се пресели во Барселона.

Таму помина две сезони, а играше и во бундеслигашот Ерланген четири години. Последните две ги мина во словачкиот шампион Татран Прешов.

35-годишното лево крило иако имаше понуди од Германија, Франција и Унгарија, сепак реши сезоната да ја почне во Нове Замки.