Будуќност донесе голманка од Брегот на Слоновата Коска

Откако остана без услугите на Емили Сандо, која замина во Битигхајм, како и без Марина Рајчиќ, која паузира поради бременост, Будуќност мораше да донесе нови голманки.

Црногорскиот првак најпрво ја ангажира бразилската репрезентативка Барбара Аренхарт од унгарскиот Вац, а сега донесе уште еден чувар на мрежата од унгарски клуб.

Станува збор за Армел Атингре, која потпиша договор на една сезона со Будуќност.  Таа потекнува од Брегот на Слоновата Коска, но има и француско државјанство и настапуваше за селекцијата на Франција на ЕП 2014 година.

Во Подгорица доаѓа од унгарскиот Фехервар, а претходно ги бранеше боите на Иври, Флери Луар, Иси Париз, Нант, како и турската Анкара.