По финалето на Кралскиот Куп одиграно пред 166 дена, ракометарите на Барселона повторно одиграа натпревар.
Тимот на Чави Пасквал го освои Суперкупот на Каталонија, откако славеше над Грањољерс со убедливи седум голови разлика.
Барселона уште по првото полувреме го обезбеди триумфот, кога беше 18-12, па во вториот дел Пасквал ги ротираше сите ракометари.
Високата предност не беше доведена во прашање, па Барса лесно го затвори натпреварот со конечни 32-25.
Најдобри стрелци кај Барселона беа Гомез со седум голови, а по три постигнаа Јанц, Мортенсен, Н’гесан и Ентрериос, додека кај Грањољерс се истакна Ореол со четири погодоци.