Барселона ги донесе во своите редови најталентираните и најквалитентни млади играчи од Словенија, Блаж Јанц и Домен Макуц.
Словенечкиот тандем во интервју за официјалниот сајт на клубот ги сподели првите впечатоци од новиот тим и очекувањата од идните предизвици со каталонскиот тим.
„Кога добивате понуда од Барселона навистина не размислувате, нема што да е одлучува туку имате само еден одговор. Предизвик е да се прифати и да се навикнете на шпанскиот стил на игра, но се станува полесно со текот на тренинзите. Се сеќавам на мојот прв натпревар за Целје, тогаш Јанц ми асистираше и го постигнав мојот прв гол. Откако дознавме дека двајцата се селиме во Барселона почнавме заедно да учиме шпански“, рече Домен Макуц.
Исто така и Блаж Јанц е многу задоволен од трансферот во Барселона, а тој ги истакна и целите поставени од раководството што е голем притисок уште пред почетокот на сезоната врз играчите.
„Имам само 23 години, но сум дел од Лигата на шампионите долго време и ова е важен момент за мене кога заминувам во нов тим. Задоволен сум од можноста да учам од тренерите и големите ѕвезди кое сега се мои партнери. По пристигнувањето во клубот ни беше поставена јасна цел, а тоа е освојување на Лигата на шампионите. Верувам дека заедно можеме да го постигнеме тоа“, изјави Блаж Јанц.
За исполнување на оваа цел ракоемтарите на Барселона ќе имаат шанса веќе во декември кога треба да се игра завршниот турнир од Лигата на шампионите.