Полскиот првак Келце го освои првиот трофеј во новата ера откако доби нов спонзор во најпозната пиварница Ломза.
Избраниците на Талант Душебаев славеа во финалето на меморијалниот турнир „Антонио Верински“ во Миелец над Азоти Пулави со 32-27.
На паузата Келце водеше со 16-13, а Душебаев им даде шанса на сите ракометари што ги имаше на располагање.
Се истакна засилувањето Турна со осум погодоци, додека шест голови даде десното крило Морито.
Третото место на турнирот го освои Татран Прешов, откако славеше над домаќинот Стал Миелец со 33-26, а петта е Висла Плоцк по победата над Пјотрковиа со 37-27.