Соиграч на Лазаров се сели во Барселона

Данскиот голман Емил Нилсен кој е соиграч на Кире Лазаров во Нант е на добар пат да се пресели во Барселона.

Репрезентативецот на Данска побарал од клубот да замине по крајот на сезоната за да се приклучи на Барселона иако има договор до 2022 година со францускиот клуб.

Нилсен се приклучи на Нант во 2019 година, имаше одлична прва сезона и привлече големо внимание од повеќе европски екипи. Според данскиот сајт bt.dk/handbold во моментов Нант и Барселона преговараат за цената на овој трансфер.

Наредната година исекува договорот на Кевин Мелер, а Нилсен би требало да биде неговата замена на голот на Барселона.

23-годишниот голман во Нант пристигна од Скјерн, а претходно има натапувано и за екипата на Архус во данското првенстсво.