Прволигашот Аеродром се чини дека оваа година е решен да стигне до бараж за суперлигашкото друштво.
Раководството на овој клуб ангажираше голем број на засилувања во текот на летото, а последно во низата е десниот бек Иван Митревски.
Станува збор за играч што потекнува од Металург, играше во Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Партизан Гевгелија, а минатата година ја мина во Вардар Неготино.
Со него и со Марио Лефковски, Аеродром има одлично дуо на десната бековска позиција, на кое би можеле да му позавидат и некои суперлигаши.
Аеродром се најде во групата А од Првата лига со Кичево, Борец, Риниа, Преспа, Драчево, Јехона и Шампион, а првото коло е на програмата на 19/20 септември.