Коронавирусот продолжува да прави огромни проблеми во Шпанија. Женската екипа Атлетико Гуардес е блиску да го откаже своето учество во националниот шампионат и Купот на Шпанија.
Раководството на Атлетико Гуардес изрази загриженост за нееднаквите услови за подготовки кои ги имаат екипите во Шпанија во пресрет на почетокот на сезоната.
Во областа каде што е клубот Атлетико Гуардес се воведени многу строги мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, што го оневозможува тимот да спроведе нормални подготовки за почетокот на сезоната.
Од таа причина раководството на клубот не ја исклучува можноста екипата да одлучи да не се натпреварува во националното првенство и Купот на Шпанија, пренесува marca.com.