Арбитрите кои се на листата за новата сезона ќе имаат еден месец за подготовка за да можат да го одработат тестот според планот односно да дојдат до посакуваниот резултат и д добијат лиценца за извршување на работата во новата сезона.
Датумот кога судиите и делегатите ќе бидат на тестирање е 29 август, па имаат доволно време дотогаш да успеат да се подготват.
Судиите ќе имаат и физички дел, каде ќе го полагаат шатл-ран тестот, а тој ќе биде во истиот ден кога и тестирањето. Сепак, поради ситуацијата со Ковид 19 засега не е позната салата во која ќе биде одржано тестирањето.