Најновото засилување за швајцарскиот состав Амичитија Цирих е хрватскиот лев бек Марко Матиќ. Тој го носеше дресот на Металург во сезоната 2015/2016, во времето кога се уште во Автокоманда беше Лино Червар.
Потекнува од Извиѓач, две години играше за Загреб, пред да замине во Пост Шверин. По заминувањето од Македонија, една година мина во Порто, па во Гумерсбах, а минатите две сезони играше за израелскиот Макаби Ришон Ле Зион.
Претходно со тимот на Цирих договор на две години потпиша македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, кој ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Заедно со екс членот на Текстилец, Вардар Јуниор, Вардар и Пролет, во швајцарската екипа ќе настапува уште еден екс член на „црвено-црниот“ тим – чешкиот интернационалец Томаш Резничек.