Шпанскиот чувар на мрежата Хозе Мануел Сиера ќе игра ракомет и во петтата деценија од животот.
По заминување од францускиот Саран, ветеранот кој има 42 години потпиша договор на една година со шпанската Бидасоа.
Во неговата биографија се запишани настапи за Барселона, Сиудад Реал и Ваљадолид, а имаше и успешна епизода во унгарскиот ПИК Сегед.
За шпанската репрезентација Сиера бранеше на 132 натпревари.