Шампионот на Шпанија и еден од кандидатите за освојување на титулата во Лигата на шампионите, Барселона пред извесно време најави трансфери на на млади ракометари,а сега дојде и потврда за нив.
Ракометарот од Словенија, кој претставува еден од најголемите таленти, Домен Макуц веќе го стави потписот на договорот со клубот од Каталонија. Макуц потпиша договор до 2024 година и сигурно ќе има што да покаже и да напредува.
Тренерот Чави Пасквал во него гледа играч кој ќе биде надополнување за Лука Циндриќ на позицијата среден бек. Со оглед на тоа што се работи за горе-доле играч со исти физички предиспозиции може да се очекуваат интересни натпревари.
Макуц е играч кој се појави како кадет во составот на Целје, а во последните две години покажа напредок и беше јасно дека ќе успее да направи трансфер во некој од големите тимови, а Барселона беше најбрза во реакцијата.