Црногорецот Игор Радојевиќ кој од ЦСКА Москва премина во романската Констанца пристигна во Романија и се приклучи на подготовките со новиот клуб.
Радојевиќ имаше невообичаено патување до Букурешт. Како некоја фудбалска ѕвезда, што оди на потпис со приватен авион, Црногорецот леташе со редовен лет од Белград до Букурешт со романска авиокомпанија и беше единствениот патник бидејќи останатите патници ги немале потребните документи за влез во Романија.
Црногорскиот сајт mnerukomet.me објави фотографии и видео на кои се гледа дека Радојевиќ е единствениот патник на летот од Белград до Букурешт.
Радојевиќ во кариерата промени многу земји и клубови, прво настапуваше во повеќе домашни екипи пред да замине во Извиѓач од БиХ. Потоа следуваа трансфери во Металопластика, Макаби Хаифа, Егер и ЦСКА Москва.