Селекторот на Романија имаше операција на срцето, му беа вградени два стента

Селекторот на женската репрезентација на Романија и тренер на екипата на Крајова, Богдан Буричеа имаше операција на срцето на која му беа вградени два стента.

Операцијата поминала успешно, а еден од лекарите на социјалните мрежи споделил фотографија со објаснување дека оваа постапка го елиминира ризикот од срцев удар.

„На денешниот список на пациенти се беше и тренерот на националната женска ракометна репрезентација, г-дин Буричеа Богдан, кој имаше вградување на два стента, бидејќи артеријата што го снабдува срцевиот мускул со крв (десна коронарна артерија) е стеснета за 95%, а ризикот од затнувањето на садот целосно што би можело да се предизвика инфаркт беше исклучително голем“, напиша лекарот Евген Țерану.

Ова е втора операција на срцето на Буричеа откако во 2019 година за време на тренинг доживеа проблеми со срцето за првпат. Имаше итна операција после која се врати на работата. Тој повторно ќе биде со својата екипа на собирот на Крајова и ќе може да го предводи својот тим и женската репрезентација на Романија.