Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе од 1 јули веќе е во Брест и ги започна тренинзи со новиот клуб.
Тој позираше во дресот на новиот клуб, а потоа заедно со тројцата нови ракометари го запознаа нивното ново место на живеење.
Покрај Скубе, нови играчи во Мешков Брест се левиот бек Дмитри Санталов, десниот бек Павел Пачковски и пикерот Владимир Врањеш.
Белорускиот тим ќе биде еден од ривалите на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите.