Светската ракометна федерација ги објави петте ракометари кои ќе бидат дел од изборот за најдобар во 2019 година.
На листата се најдоа четворица ракометари од Данска и Норвешка – Микел Хансен, Никлас Ландин, Расмус Лауге и Сандер Сагосен, како и еден од Хрватска, поранешниот вардарец Лука Циндриќ.
Ова е првпат од 2005 година да нема француски ракометар во изборот, и првпат да има тројца ракометари од иста земја (Данска).
Поширокиот список на номинирани го скратија 18 ракометни експерти од светот, а гласањето во кое ќе бидат вклучени и фановите, ќе започне на 3 јули. Играчот на 2019 година ќе биде прогласен во рамките на ИХФ неделата од 12 до 18 јули.