Францускиот чувар на мрежата Робин Кантегрел во следните две сезони ќе го брани голот на европскиот шампион Вардар.
Тој се подготвува за доаѓањето во македонската метропола и веќе започнал да го учи нашиот јазик.
Подготовките на Вардар пред новата сезона ќе започнат на 18 јули, па ќе можеме да се увериме во Скопје колку Кантегрел научил македонски.